На Светскиот економски форум во Давос, кој почнува денеска, ќе присуствува и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев. Во делегацијата сѐ уште и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во рамки на самитот Заев ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и други високи учесници на Самитот.
Заев и лани присуствуваше на форумот каде што за прв пат се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Средбата му претходеше на Договорот од Преспа.
Повеќе години наназад Македонија не учествуваше на Светскиот економски самит во Давос.