Два силни земјотреси во Индонезија

58

Два силни земјотреси со јачина од шест и 6,6 степени денеска ја погодија областа јужно од индонезискиот град Раб, на островот Сумбава, а опасност од цунами не е објавена.

За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени луѓе.

Минатата година во Индонезија во серија земјотреси и цунами загинаа повеќе од 3.000 луѓе.

Во катастрофалниот земјотрес кој на 26 декември 2004 година го погоди западниот брег на Индонезија, кој предизвика и серија цунами во целиот Индиски Океан од Суматра до Сомалија, загинаа 226.000 луѓе во 14 земји, од кои повеќе од 120.000 во Индонезија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...