Компанијата за анализа на податоци „Кембриџ Аналитика“, собрала приватни информации од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук што ги искористила за развивање техника за поддршка во изборната кампања на Доналд Трамп во 2016 година, објавија „Њујорк тајмс“ и „Обзервер“.
Државниот обвинител на Масачусетс Мора Хил соопшти дека после тие наводи, покрената е истрага.
Фејсбук во петокот објави дека го „суспендирал“ „Кембриџ Аналитика“, по откривањето дека се прекршени правата за приватност на податоци.
Весниците објавуваат дека тоа е една од најголемите злоупотреби на податоци во историјата на Фејсбук Компанијата „Кембриџ Аналитика“, со седиште во Лондон, ги искористила податоците кои без дозвола ги презела во почетокот на 2014 година за софтвер со кој се предвидува и влијае врз избор за време на гласање.
„Обзервер“ наведува дека повеќе од 50 милиони профили во тоа време претставувале речиси четвртина од потенцијалните гласачи во САД.