Полицијата првично покрена обвиненија против двајцата мажи, на возраст од 25 и 29 години, за „неовластен влез во ограничено воено подрачје“, но Обвинителството од грчкиот град Орестијада денеска ги прошири овиненијата и за шпионажа, затоа што кај уапсените биле пронајдени фотографии на воени објекти во пограничното подрачје кај реката Марица.
Британецот, работел за една хуманитaрна организација што им помага на мигрантите пристигнати во Грција, додека војникот бил припадник на граничната единица и не бил на должност при апсењето.