Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.
„Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited“, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.