Шведскиот премиер, Стефан Ловен, денеска ја претстави својата Влада, со што е ставен крај на четиримесечната политичка блокада на земјата.
Ловен формираше нова Влада од 21 член, од кои 17 министри од неговата Социјалдемократска работничка партија (САП) и четворица од Еколошлата пертија на зелените, извршувајќи минимални промени во неговиот досегашен Кабинет.
Во новата малцинска Влада на Ловен се врати поранешниот министер за внатрешни работи Андерс Игеман, кој сега ќе раководи со Министерството за енергетика и дигитализација.
Социјалдемократ Игеман минатата година беше принуден да поднесе оставка по протекувањето безбедносни информации во 2015 година.
Пратениците во шведскиот Парламент во петокот го избраа Ловен за премиер.
За реизборот на Ловен, кој е на власт од 2014 година, гласаа 153 пратеници, 115 беа против, а 77 воздржани. „За“ гласаа пратениците на неговата САП и зелените, а „против“ претставниците на дел од блокот партии на десниот центар и на екстремно десничарската Шведски демократи, додека три помали партии беа „воздржани“.