Компанијата „Вајнстин“ прогласи банкрот

376

Американската филмска и телевизиска компанија „Вајнстин“, чиј поранешен претседател Харви Вајнстин е обвинет за сексуално вознемирување и злоставување, пријави дека банкротирала и ги укинува сите договори за доверливост, поради кои можеби некои жени молчеле.

Банкротот е објавен вчера, откако повеќе од 70 жени поднесоа тужби за сексуално злоставување или силување против соосновачот на компанијата и еден од највлијателните луѓе во Холивуд, продуцентот Харви Вајнстин.

Тој ги отфрли таквите обвинувања, нагласувајќи дека немал сексуален однос ниту со една жена без нејзина согласност.

Приватната фирма „Лантерн Капитал“ планира да ја откупи компанијата „Вајнстин“ за 310 милиони долари и на тој начин да ја извлече од банкрот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...