Џулија Мајклс го најави новиот музички албум на кој ќе се најдат и Селена Гомез и Најл Хоран.
– Не можам да бидам понервозна дури и да сакам. Еве парче од мојот ум и моето срце – напиша пејачката на Инстаграм.
Гомез сѐ уште не искоментира за песната со Мајклс, а Хоран се огласи на социјалните мрежи за тоа колку е возбуден поради соработката, пренесува „Билборд“.
– Џулија е една од моите многу добри пријателки, а „What a time“ е прекрасна песна – напиша тој.
ФОТО: Инстаграм