По смртта на која било ѕвезда, неретко нејзини лични предмети се ставаат на аукција за обожавателите, а деновиве најпопуларен во светските медиуми е последниот прамен од косата на Мерлин Монро кој го зачувал еден од нејзините фризери.
Праменот е стар речиси 60 години и наскоро ќе се најде на аукција со почетна цела од 14.500 евра. Тој доаѓа од збирката прамени која ја направил Кенет Бател кој ѝ бил фризер на Монро од 1958 до 1962 година. Спакуван е во посебно дизајнирана стаклена рамка заедно со фотографија од Мерлин Монро.
Фризерот имал повеќе прамени, но сите други ги подарил на најблиските пријатели.
Медиумите најавуваат голема „борба“ меѓу фановите ако се земе предвид дека рендген снимка од нејзините гради беше продадена на аукција за 40.000 евра.