Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката откако повреди две жени

Фотографиите објавени во „Дејли мејл“ и во „Сан“ потврдуваат дека 97-годишниот принц Филип, возел сам на имотот во Сандрингем.

606
Photo: EPA / NEIL HALL

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „ленд ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во близина на имотот Сандрингем во Норфолк. Фотографиите објавени во „Дејли мејл“ и во „Сан“ потврдуваат дека 97-годишниот принц Филип, возел сам на имотот во Сандрингем.

Новиот модел на „фрилендер“, во кој бил виден принцот на возачкото место, е испорачан во петокот во Сандрингем, пренесе Би-би-си.

Принцот Филип не е повреден во несреќата, што се случи во четвртокот, но повредени се две жени. Војводата се судри со „киа“, управувана од 28-годишна жена, која се здобила со исекотини, додека другата, 45-годишна жена го скршила зглобот на едната рака. Без повреди поминало бебето, кое исто така се наоѓало во автомобилот. Војводата патувал сам во своето возило.

Полицијата соопштила дека ќе го истражи инцидентот и дека ќе се преземе мерки за одговорност.

Познатиот тв водител Џереми Кларксон им се придружи на сите Британци кои го повикаа британскиот принц Филип да се откаже од возачката дозвола, откако учествуваше во сообраќајната несреќа.

„Секогаш ни кажувале дека повозрасните возачи се подобри, поискусни и посигурни од помладите, но не ми се чини баш дека е така“ напиша славниот тв водител во таблоидот „Сан“.

Кларксон ја пофали Кралицата Елизабета Втора (92), дека сѐ уште вози сама како мудар був.

„Се надеваме дека така ќе продолжи и дека полицијата ќе ја врати возачката на нејзиниот сопруг“, напиша Кларксон.

Сообраќајната несреќа предизвика дебета на социјалните мрежи за тоа дали повозрасните лица треба да возат. Во согласност со британскиот закон, возачите постари од 70 години мораат да вршат систематски прегледи за да ја продолжат возачката дозвола.

Photo: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...