Мурал на британскиот уличен уметник Бенкси во велшкиот град Порт Таблот продаден е на трговец со уметнички дела за повеќе од 100.000 фунти.
На муралот „Поздрав до сезоната“, нацртан на гаража од бетонски блокови прикажано е мало момче кое се обидува со јазик да фати снег, но од другата страна се гледа дека тоа не е снег туку пепел од индустриски контејнер.
– Јас го купив и тоа ме чини сума од шест бројки – изјави Џон Брандлер, додавајќи оти муралот му го позајмува на градот Порт Таблот во следните две до три години.
Муралот се појави минатиот месец во велшкиот град Порт Таблот, каде се наоѓа една од најголемите железари во светот.
Бенкси, кој го крие своето име, е најпознат уличен уметник во светот.