Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци во четвртокот беше отворена изложба со слики од ликовниот уметник Владимир Темков. Изложбата се совпадна со одбележувањето на 40 години од неговото творештво и шест децении живот на уметникот. Изложени се 60 слики.
Актерот Александар Малинков, директор на Културниот дом, изрази задоволство од големата посетеност, која навестува успешна година на културен план.
За изложбата говореше академик професор доктор Блажо Боев. Тој се осврна на творештвото на Темков, но потсети и дека Кавадарци е расадник на уметници, споменувајќи ги Мазев, Чемерски, Шемов, Темкова и неколкумина други од помладата генерација.
Пред присутните се обратија и пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков, како и авторот кој изрази благодарност за големата посетеност.