Поради лажните вести и злоупотребата на податоци, ќе има построги правила за финансирање на европските политички партии

101

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ постигнаа привремен договор за посторги правила во финансирањето на европските политички партии.

Новите правила во најголема мерка се насочени кон борбата против дезинфромирањето на гласачите и злоупотребата на личните податоци на избирачите.

Со измената на Уредбата за финансирање на европските политички партии се овозможуваат одредени финансиски казни за прекршување на правилата за заштита на податоците, со цел да се намали влијанието врз резултаите од европските избори.

Казната изнесува пет отсто од годишниот буџет на европската политичка партија или фондацијата што ги прекршила правилата.

Изборните кампањи во неколку земји членки на ЕУ минатата година покажаа дека граѓаните многу лесно можат да станат цел на масовните интернет кампањи за дезинформирање, чиј цел е дискредитација на изборите и одземање на нивниот легитимитет.

Постојат сомнежи дека имало и незаконска злоупотреба на личните податоци на граѓаните. Покрај ова, потребно е и спречување на нападите врз изборната инфраструктура и врз информациските системи на кампањите.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ во текот на следните недели мораат што побрзо официјално да го усвојат текстот на измените на Уредбата, со цел правилата да стапат во сила пред европските избори во 2019 година.

За спроведување на правилата ќе биде надлежно Телото за европски политички партии и европски политички фондации. Партиите за кои ќе се утврди дека ги прекршиле правилата, нема да можат да конкурираат за финансирање од заедничкиот буџет на Европската унија во годината во која им е одредена казната.

Измените на Уредбата се меѓу серијата мерки што ги предложи претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во својот говор „За состојбата на Унијата“ во 2018 година, со цел да се гарантираат слободни и фер европски избори.

Првиот потпретседател на Еврокомисијата, Франс Тимерманс изјави дека овој договор претставува „добра вест“. – Со него ќе се придонесе за зајакнување на демократската отпорност во пресрет на европските избори, нагласи Тимерманс.

Еврокомесарката за правда, поторшувачи и рамноправност на половите Вера Јоурова вели дека „бевме сведоци како личните податоци може да бидат злоупотребени за манипулации при избори“.

– Постоењето строги правила за заштита на податоците е од клучна важност за претстојните европски избори. Од сите европски партии очекуваме да ги почитуваат во целост, со цел Европејците да можат да го дадат својот глас знаејќи дека во текот на кампањата биле целосно и правилно информирани, додаде Јоурова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...