Белиот слој на чоколадата не е штетен

743

Често се случува, и покрај тоа што не е поминат рокот на траење, кога ќе отворите некоја чоколада наместо препознатливата кафена боја таа да е прекриена со бел прашкаст слој.

Германските научници од Хамбург поради честите поплаки на потрошувачите открија зошто чоколадата побелува и ја менува својата текстура.

Тие дошле до сознание дека во најголемиот број на случаи причина за ваквата појава е чувањето на несоодветна температура.

Складирањето на чоколадата на премногу топло или ладно место предизвикува таканаречено „масно цветање“, односно појава на бели честици по самата површина.

Имено, на несоодветна температура честици од чоколадата се појавуваат на површината преку ситните пукнатини. Меѓутоа, стручњаците потенцираат дека и ваквата чоколада не е штетна по здравјето на луѓето.

Тие наведуваат дека оваа појава може да се избегне ако се чува на соодветни услови на температура од 16 до 18 степени. А исто така предлагаат веќе отворената чоколада што побрзо да се изеде.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...