Две години од изборот на Трамп

За две години во Белата куќа отфрли низа договори,компромиси или пактови меѓу кои на прво место Парискиот договор за климата прифатен од речиси сите држави во светот.

113
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател в недела „полни“ две години во Белата куќа, но оваа година е сам поради делумна блокада на работењето на владата.

Трамп(72) на половина од својот мандат погази традиционални норми на однесување и остана верен сам на себе, тоа што е претседател воопшто не го промени.

Дел од Американците сведочат со воодушевување за него, некои се збунети или во страв поради неговите потези. Тој откако влезе во престижното Западно крило на Белата куќа како 45. американски претседател наметна ритам во кој ништо или речиси ништо не може да изненади.

Неговите приврзаници гласно му аплаудираат за дел од економските показатели, тој не заборава за предизборни ветувања, има одлучност за односите со Кина и не се плаши да се декларарира како „националист“.

Критичарите се загрижени дека не сака да работи и длабоко да анализира политички досиеја и сметаат дека со својот профил на Твитер не е достоен за наследник на претседателската лоза која почна со Џорџ Вашингтон во 1789 година и продолжи со Линколн, Рузвелт и Кенеди.

Сепак, вториот дел од неговиот мандат може да биде поризичен за него поради истрагите за природата на врските со Москва.

– Никогаш не сум работел за Москва – нагалсува во пораки.

Целта сепак му е – Да ја направам Америка повторно голема.

Според Галуп, поранешниот сопственик на лиценца за Мис Универзум, е единствен претседател во историјата на САД чија популарснот никогаш не била над 50 отсто во првите две години на власт.

Трамп е роден во Квинс во Њујорк во 1946 година, и се всели во Белата куќа на 20 ајнаури 2017 година.

Во меѓувреме стапи во отворена војна со личниот адвокат Мајкл Коен кој водел негови доверливи преговори со порно актерката Сторми Даниелс.

Трамп функционира според аналилтичари, по едноставни насоки – или сте за или против него. Нема средина.

Поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми кого Трамп го смени, напиша во своите мемоари дека тој се однесува кон луѓето околу него со многу нијанси на однесување на мафијашки шеф.

За две години во Белата куќа отфрли низа договори,компромиси или пактови меѓу кои на прво место Парискиот договор за климата прифатен од речиси сите држави во светот.

Најостро предупредување му дојде од Џим Матис, шефот на Пентагон кој во пишаната оставка потсети, алудирајќчи на Трамп, на едноставно правило во дипломатијата: – Кон сојузниците однесувај се со почит.

Според Алан Лихтман, професор по историја на Универзитетот Вашингтонм тој претседател како ниту еден пред него, ги ставил американските институции „на сериозен предизвик“.

– Се опоравивме од Американската граѓанска војна и од Вотергејт – изјави тој за очекувањата од новите претседателски избори во 2021 година.

– Но, ако Трамп биде повторно избран, невозможно е да се предвиди што ќе се случи – вели тој.

Фото: EPA/EFE/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...