Русија прифати присуство на германски и француски набљудувачи во Керчански Залив поради судирот со украинската морнарица, што се случу кон крајот на ноември минатата година, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Германската канцеларка Ангела Меркел пред повеќе од еден месец побара од претседателот (Владимир) Путин да им дозволи на германските експерти да го посетат Керчанскии Залив и да видат дали е прооден… Претседателот Путин веднаш прифати, посочи Лавров на вчерашната прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас – истакна Лавров.
Тој додаде дека е прифатено и присуство на француски експерти.
Лавров истакна дека договорот до сега не е реализиран, но оти од Мас добил предлози со кои треба да се согласи Украина.
Русија на 25 ноември заплени три украински бродови и уапси 24 морнари по инцидентот во Керчански Залив.
Фото: EPA/YURI KOCHETKOV