Руско МНР: Американската стратегија ја нарушува стабилноста

Американското списание „Форин полиси“ пишува дека САД работат на потенцијално најсериозната експанзија на својот систем на ракетна одбрана од времето на Студената војна, а дека претседателот Доналд Трамп заговара амбициозен план кој експлицитно укажува на намерата Америка да ги собори ракетите кои би доаѓале од Русија и Кина.

139
Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека новата стратегија за ракетната одбрана на Вашингтон ќе доведе до трка на вооружување во вселената.

Во соопштението се наведува дека планот на САД „предизвикува конфликт“ и дека ќе и нанесе удар на веќе ослабнатата меѓународна стабилност.

Се апелира Вашингтон повторно да размисли ида влезе во конструктивен дијалог со Русија во однос на прашањето за нуклеарното оружје, „пред да биде доцна“.

Американското списание „Форин полиси“ пишува дека САД работат на потенцијално најсериозната експанзија на својот систем на ракетна одбрана од времето на Студената војна, а дека претседателот Доналд Трамп заговара амбициозен план кој експлицитно укажува на намерата Америка да ги собори ракетите кои би доаѓале од Русија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...