Анѓушев се сретна со Христијан Котески кој иновираше возило за чистење снег

1118

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретна со деветнаесетгодишниот Христијан Котески, млад автомеханичар од прилепското село Борино, кој со сопствен труд и средства успеал да направи теренско возило за чистење снег.

Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет, му честиташе на младиот Христијан за успешниот иновативен потфат и разговараше со него за процесот на креирање на возилото. Тој истакна дека младите креативни луѓе се иднината на оваа земја, а неговиот пример е добра водилка дека кога се има идеја, со напорна работа и посветеност може да се постигне посакуваниот резултат.

Со оглед на тоа што станува збор за лице кое нема постојан работен ангажман, вицепремиерот укажал на некои од можностите кои им се достапни на младите иновативни лица, како што се грантовите за самовработување преку Агенцијата за вработување со кои се дава неповратна финансиска поддршка од 5.000 евра. Овие средства би можело да се искористат за регистрирање фирма и опремување на механичарска работилница.

Подоцна со развој на компанијата, вицепремиерот објасни дека се нудат можности за аплицирање на инструментите за поддршка на мали и средни претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој, и се овозможува поддршка во форма на поврат до 30 отсто од инвестирани средства за технолошки развој на компаниите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...