Рудник „Иловица-Штука“: Ќе се отфрли цијанидот при обработка на рудата

„Еуромакс“ информира дека до крајот на 2018 година организирале и повеќе информативни средби со локалното население, каде особено голем интерес жителите покажале околу можностите за вработување и соработка на локалните бизниси со идниот рудник. 

253

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресурцес“.

Од таму додаваат дека со ова уште еднаш се потврдува одлуката на компанијата  за отфрлање на цијанидот, додека сулфурната киселина никогаш не било предвидено да биде дел од процесот на обработка на рудата.

„Одборот на Еуромакс во декември 2017 година донесе одлука за откажување од користењето на цијанид и сулфурна киселина во процесот на обработка на рудата за што беа информирани надлежните органи и Владата на Република Македонија, а информирањето на пошироката јавност и локалната заедница во струмичкиот регион е процес кој трае. На тој начин само ја потврдуваме посветеноста на компанијата кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоки и модерни стандарди од област на рударската индустрија“, порачуваат од „Еуромакс ресурцес“.

„Еуромакс“ информира дека до крајот на 2018 година организирале и повеќе информативни средби со локалното население, каде особено голем интерес жителите покажале околу можностите за вработување и соработка на локалните бизниси со идниот рудник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...