Харадинај побарал да му се намали платата

273
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод актуелните штрајкови на вработените во здравството и образованието, кои бараат да им се зголемат платите, изјави дека од изготвувачите на Законот за плати во јавната администрација побарал да ја намалат единствено неговата плата, јави дописникот на МИА од Приштина.

За ова негово барање Харадинај информира на денешната средба со структурите на неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), во Митровица, на која станало збор за штрајкот на лекарите и наставниот кадар.

– Знам дека здравствотро и образованието се во штрајк, свесен сум, ги гледам и ги читам секој ден. Меѓутоа, единствената работа што сум ја побарал од тие кои го изготвуваат законот за плати е да се намали само една плата, онаа на премиерот. Побарав во сите сектори да се зголемат платите, освен на премиерот – изјави Харадинај.

Здравствените работници се во штрајк од минатиот декември, со тоа што штрајкот во моментов го продлжуваат хирурзите и ортопедите, додека другите го прекинаа. Со истото барање, за корекции на платите, од 14 јануари штрајкуваат и сите јавни просветни институции во Косово.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...