Хартиени кујнски бришачи особено ако се од рециклирана харитија, и ако во нивно производство се користени избелувачи, не треба да се користат за завиктување храна и бришење измиени садови, предупредува словенечкото Здружение на потрошувачи. Нивната објава е дадена по резултати од лабораториски наоди.
Од девет тестирани примероци, четири добиле оценка „добро“ за користење во кујна, два просечно и три недоволно.
Кај дел од нив се откриени бактерии и хемиски остатоци што може да дојдат во контакт со храна и штетни се по здравјето.
– Дел од резултатите се загрижувачки бидејќи површината на хартијата содржи бактерии што може да бидат патогени – изјави Боштјан Окорн од Унијата на потрошувачи на Словенија.
Проблем претставуваат и избелувачи и кујнска хартија што се прави од рециклирана хартија и содржи хемикалии и нечистотија, предупредуваат од тоа здружение.
Тие советуваат користење хартиени бришачи од нерециклирана хартија за да се намали пренос на нечистотии и хемиски отпадоци врз храната и ако може наместо хартиени бришачи да се користат класични кујнски крпи.
ФОТО: МИА