Бектеши во контрола на компании во Тетово кои добиле државна помош

Бектеши се сретна со управата на компанијата „Везе Шари“ во тетовското село Требош. Според министерот Бектеши, „Везе Шари“ е една од најсериозните и најуспешните компании во Македонија, што бележи раст на производството и извозот секоја година.

336

Увид во состојбите на неколку компании во тетовско, што користеле мерки за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото и нивните резултати, беше целта на денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши во тетовско.

Тој се сретна со управата на компанијата „Везе Шари“ во тетовското село Требош. Според министерот Бектеши, „Везе Шари“ е една од најсериозните и најуспешните компании во Македонија, што бележи раст на производството и извозот секоја година.

– Нашите мерки за помош на компаниите имаат за цел зголемување на нивното производство, нивната конкурентност на пазарите во регионот и пошироко, а со тоа и зголемување на вработувањата. При денешната посета на „Везе Шари“ од управата ме запознаа со нивните идни планови за зголемување на капацитетите. Мерките за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото беа спроведени во текот на 2018 година и резултатите покажуваат дека со нив ќе продолжиме и во оваа година како наша потврда дека покрај странските инвеститори ние ќе продолжиме со силна подршка и на домашните производители и компании – рече Бектеши.

Според сопственикот на „Везе Шари“ Арбен Абдурахмани, денешната средба со министерот Бектеши била коректна и послужила за размена на идеи и искуства, како и информирање за нивните идни планови.

– Соработката со Министерството е на високо ниво и никогаш оттаму не недостасувала подршка за нашите планови. Очекуваме дека со ваква соработка ќе продолжиме и понатаму особено околу законското решение за биогасните централи ако се знае дека ние имаме ваков капацитет и за што е потребно донесување на подзаконски акти за подобро регулирае и на оваа област на нашето делување – рече Абдурахмани.

Во рамките на денешната псоета на тетовско, министерот Бектеши со соработниците ги посети и се сретна со управите на компаниите Авто – Цем и Металекс во Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...