Рускиот истражен комитет денеска демантира дека терористички напад е причина за експлозијата која урна станбен блок во Магнитогорско, при што загинаа 39 луѓе.
Експлозијата се случи на 31 декември, а Исламска држава вчера презеде одговорност за нападот. ИД на порталот Ал-Наба објави дека претходно не презеле одговорност за нападот поради безбедносни причини.
Рускиот истражен комитет негирајќи ги наводите на ИД посочи истекнување на гас ја предизвикало експлозијата. Истражителите не пронашле траги од експлозив на местото на несреќата.