По сударот, еден Су-34 се вратил во базата

198

Еден од двата руски авиони од типот Сухој 34 по судирот се врати во базата, изјави неименуван регионален полициски претставник.
Тој додаде дека еден од авионите слета со еден мотор во базата Курба, а другиот исчезнал над Јапонско Море.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека во осум часот и седум минути (по московско време) два руски воени бомбардери Су-34 се судрија за време на тренажен лет над рускиот Далечен Исток.

Авиони Су-34 летале без вооружување, а се судрија над Татрскиот Залив.

Првично, руското Министерство за одбрана соопшти дека членовите на екипажите од двата авиони се катапултирале, и оти се трага по нив.

– Авион Антонов 12 и два хеликоптера Ми-8 трагаат по екипажите на авионите, а на терен се и спасувачки екипи – соопшти руското Министерство за одбрана.

Су-34 се воени авиони, тешки 45 тони и можат да носат осум тони оружје. Нивнииот тактички радиус е 4.000 километри. Су-34,  исто така, можат да се опремат со доплнителни три резервоари за гориво при што можат да летаат осум часа непрекинато.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...