Јаглените хидрати богати со влакна го чуваат здравјето

Исхраната со намирници кои во себе содржат повеќе влакна, како што се лебот од цели зрна, интегралните тестенини, муслите, јаткастото овошје и мешунките, ќе го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести и прерана смрт, наведено е во извештајот на Светската здравствена организација.

461

Авторите на извештајот за СЗО истакнуваат дека се тоа добри вести, но дека не се во согласност со модерните диети во кои се инсистира на помало внес на јаглени хидрати.

Истражувањето го водел доктор Џим Ман од новозелндскиот универзитет Отаго кој е заслужен за тоа што во препораките на СЗО се значително намалени препорачаните количини за внес на шеќери.

Шеќерот е лош јаглен хидрат, додека влакната кои се наоѓаат во лебот од житарки со цели зрна и муслите од овес се добри јаглени хидрати.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...