Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Франција годинава ќе остане воено ангажирана во Сирија, без оглед на плановите на САД да ги повлечат трупите од таа земја.
Тој додаде дека одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, не смее да ги попречи француските сили на патот кон искоренување на Исламска држава.
– Каква било избрзана одлука за повлекување, би било грешка, посочи Макрон.
Франција е ангажирана во Сирија од 2015 година, во најголем случај преку воздушни напади, како членка на меѓународната коалиција се бори против ИД.
Макрон во говорот пред вооружените сили во Тулуз изрази поддршка на француските трупи кои се борат против екстремизмот во Африка и ја штитат Франција од тероризам.
Францускиот претседател повтори дека сака формирање на европски воени сили за брза интервенција во случај на судир.