Светската здравствена организација (СЗО) го забележува колебањето од вакцинација – одложување или отфрлување на вакцините и покрај тоа што тие се достапни – како една од топ 10 здравствени закани со кои се соочува светот во 2019 година, пренесува „newsweek.com“.
Овој феномен го има во повеќе земји во светот, а забележлив е и во САД. Податоци од центрите за контрола и превенција на болести покажуваат дека, иако најголем дел од препорачаните вакцини остануваат стабилни и со висок опфат во 2017 година за децата во Америка на возраст од 19 до 35 месеци, сепак процентот на оние кои не се вакцинирале е повисок четирикратно од 2001 година.
Според статија објавена во „PLOS ONE“, се зголемува бројот на лица во повеќе држави на САД кои имаат анти-вакцинациски размислувања.
Австралија исто така е забележана како држава во која има значајно анти-вакцина движење. Таму околу 40.000 деца не се вакцинирани поради приговори од нивните родители.
Слична ситуација има и во Италија, која воведе нови правила во 2018 година, според кои се укинаа задолжителните вакцини кои беа потребни за децата да бидат примени на училиште.
Според СЗО, човештвото постигна значајни чекори во изминатите неколку децении кога станува збор за глобалното здравје: очекувањата за живот се зголемија во многу делови од светот, полио (детска парализа) е на работ на искоренување, 6 милиони помалку деца на возраст под 5 години починаа во 2016 година, во споредба со 1990 година.
Но и покрај овие достигнувања, се уште постојат глобални здравствени проблеми.
Оваа година СЗО започнува со 13-та општа програма – петгодишен стратегиски план со цел за поздрав свет.
Ова се десетте најзначајни проблеми на кои СЗО ќе работи, без некаков редослед.
- Загадувањето на воздухот и климатските промени (Според СЗО најголемиот ризик за здравјето во 2019, 9 од 10 луѓе дишат нечист возудх, па доведува до 7 милиони предвремени смртни случаи во светот. Дишењето во микроскопските загадувачки материи може да доведе до рак, мозочен удар и срцево и белодробно заболување).
- Неинфективни болести (оние кои не можат да се пренесат од едно лице на друго, како на пример канцер, дијабетес, срцево заболување … кои се најголемите убијци на луѓето, виновни за 70 отсто на смртните случаи во светот). Најзначајни фактори на ризик за појава на овие болести се прекумерното конзумирање на алкохол, тутунот, физичка неактивност, нездрава исхрана и загадениот воздух.
- Глобална пандемија на грип
- Кревки и ранливи поставувања (Кризи – како што се сушата, гладот, конфликтот и раселување на населението – и лошите здравствени услуги оставија повеќе од 1.6 милијарди луѓе ширум светот или 22 отсто од населението на планетата, без пристап до основна грижа.)
- Антимикробна резистенција
- Ебола и други патогени бактерии со висок ризик
- Слаба примарна здравствена заштита
- Колебање за вакцинирање
- Денга
- ХИВ (Иако има голем напредок за превенирање и третман на ХИВ инфекциите, милиони луѓе се уште умираат од ХИВ/СИДА секоја година во светот. Се проценува дека приближно 37 милиони луѓе моментално живеат со ХИВ. Поединечни групи, како сексуални работнички, корисници на дрога и мажи кои имаат секс со мажи се со посебен ризик од инфицирање.)
ФОТО: EPA / YAHYA ARHAB