Во Загреб вонредна состојба поради грип

84

На Клиниката за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“ во Загреб има вонредна состојба поради епидемија на грип каква што не е забележана цела деценија.

Сите пациенти примени на Клиниката се со тешко воспаление на белите дробови и се на респиратори. Се користат 18 респиратори.

Обемот на работа е трипати поголем од условите што ги има во болницата.

Како што наведуваат од Клиниката, таквата состојба трае веќе неколку дена, во амбулантите доаѓаат стотици луѓе, претежно млади.

Точен број починати од грип не може да се утврди, бидејќи повеќето умираат од разни компликации.

– Состојбата е драматична. Таква епидемија не сме имале од 2009 година – велат од болницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...