Коен: Платив на фирма за да манипулира со анкети во корист на Трамп

224

Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен објави денеска на Твитер дека платил на фирма за да манипулира со податоци од онлајн анкета во „исклучителна корист“ на Трамп.

„Волстрит Журнал“ објави дека Коен и платил на фирмата „Редфинч солушн“ да манипулира со податоците од две истражувања за јавното мислење за Трамп пред почетокот на неговата кампања за претседателските избори во 2016 година.

„Што се однесува до написите на „Волстрит журнал“ за местење анкети, тоа што јас го правев беше насочено и во директна корист за претседателот Доналд Трамп. Искрено, жалам поради слепата лојалност кон човек кој не ја заслужува“, напиша Коен на Твитер.

Минатиот месец Коен беше осуден на три години затвор поради незаконски исплати на „пари за молчење“ на жени со цел да му помогне на Трамп во предизборната кампања и за лажење во Конгресот во врска со предлог-проектот „Кулата на Трамп“ во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...