Промоција на новата книга колумни на новинарот Бранко Тричковски ќе се одржи на 29 јануари, со почеток во 19 часот, во кино „Култура“.
„Ослободување од Македонија”, издание на „Темплум”, е насловот на книгата во која на 650 страници се поместени текстови што се објавувани во „Слободен печат” од ноември 2016, до декември 2018 и потоа преобјавувани во бројни други медиуми.
Книгата ќе ја промовираат професорката Беса Арифи, професорот Љубомир Данаилов Фрчковски и Златко Теодосиевски, колумнист и ликовен критичар.