На 29 јануари британскиот Парламент ќе гласа за „планот Б“ за Брегзит

90

Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом денеска најави дека на 29. јануари би требало да се одржи дебата и гласање за „планот Б“ за Брегзит на премиерката Тереза Меј.

– Целодневната дебата за предлогот би се одржала во вторник на 29. јануари, доколку Долниот дом се согласи со тоа, изјави Лидсом.

Таа најави дека Меј в понеделник на Парламентот ќе му го достави „план Б“ за Брегзит, откако во вторникот пратениците во Долниот дом го одбија Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владите во Лондон и Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...