Ангеловска-Бежоска: Да се фокусираме на натамошно подобрување на основите на економиите во регионот

Во фокусот на панел-дискусијата беа изгледите за економскиот раст во регионот, импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки и дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа, протекционистичките трговски мерки и Брегзит.

100

Сите ние како носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на елиминирање на структурните пречки за зголемување на потенцијалниот економски раст на долг рок и да го забрзаме процесот на реална конвергенција, рече гувернерката на Народната банка  Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусија за монетарна политика на форумот „Еуромани“.

Во фокусот на панел-дискусијата беа изгледите за економскиот раст во регионот, импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки и дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа, протекционистичките трговски мерки и Брегзит.

Гувернерката на НБРМ најпрво се осврна на изгледите за економски раст во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Притоа истакна дека стапката на раст кај најголем дел од економиите во регионот е близу до потенцијалната, што упатува на потребата од забрзување на структурните реформи со цел зголемување на нивниот потенцијал за раст.

– Спроведувањето на структурните реформи не само што ќе го зголеми потенцијалот за раст и не само што ќе ја намали ранливоста на економиите туку и ќе помогне за намалување на премиите за ризик, што ќе значи и поповолни услови за финансирање на економиите – рече Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата беа отворени и други прашања значајни како за економиите од регионот, така и за европската и светската економија, воопшто.

Гувернерката на НБРМ активно дискутираше и за актуелните случувања поврзани со можното излегување на Велика Британија од Европската Унија, како и за прашањето за независноста на централните банки, на кое му беше посветено особено внимание на овој форум.

Форумот на „Еуромани“, кој се одржа изминативе два дена во Виена, Австрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...