Во градот Килис во Турција е иницирана несекојдневна кампања со која децата чии родители престанале да пушат, добиле на подарок велосипед, јавува турската агенција Анадолија. Имено, турската општина Килис им подарила велосипеди на 500 деца, откако барем еден нивни родител се откажал од пушење.
Свеченоста на доделување на велосипеди се одржала на локалниот стадион на кој се собрале голем број деца и нивни родители. Целта на оваа несекојдневна кампања е да се мотивираат што поголем број граѓани да престанат со пушење.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.