Јавна расправа за Националниот оперативен план организира денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
На јавната расправа, како што е најавено, ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Целта на одржувањето на јавната расправа е преку отворен дијалог да се финализира текстот на оперативниот бродбенд план.
Од Министерството информираа дека ја објавиле работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план, која е достапна на линкот: http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/
Со цел подготовка на овој документ МИОА на почетокот на овој месец формираше четири работни групи, во кои учествуваа претставници од државни органи и тела, регулаторни тела, универзитети, општини, оператори, стопански комори, јавни претпријатија и приватни компании.