Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната годишна прес-конференција изјави дека Москва не може да се согласи со евентуалното членство на Босна и Херцеговина во НАТО.
– Правилата кои се промовираат на Балканот се доволно опасни и ја одржуваат манијата да се турнат (во НАТО) сите балкански држави што е можно побрзо – посочи Лавров.
Тој додаде дека САД веќе подолго време критички зборуваат за деструктивната улога на Србите во БиХ и оти тие ја забавуваат земјата на патот кон Алијансата.
– Не е во прашање бенифитот на Република Српска, туку членството во НАТО. Тоа е она со што Русија не може да се согласи… Во ситуација кога сите ја прокламираме намерата да се изгради заеднички економски и хуманитарен простор и да се обезбеди еднаква и неделива безбедност во евроатлантскиот регион, тогаш тоа претставува замена на меѓународното право со „НАТО-центристичките“ правила наместо со универзалните – истакна рускиот министер за надворешни работи.
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI