Лавров: Смешно е да се тврди дека Трамп работи во интерес на Русија

63
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е смешно да се тврди оти американскиот претседател, Доналд Трамп, работи во интерес на Русија.

Според Лавров, тврдењата на некои американски медиуми дека Трамп можеби бил руски агент, се одраз на „драматичниот пад на новинарските стандарди“.

Шпекулациите за соработката на Трамп со Русија беа поттикнати од медиумските информации дека американскиот претседател дури и од некои од своите соработници криел детали од неговите разговори со шефот на руската држава Владимир Путин.

На новинарско прашање на денешната годишна прес-конференција во Москва дали Русија може да објави записник од разговорите меѓу Путин и Трамп, Лавров одговори дека тоа би било во спротивност со основната култура на дипломатијата.

– Таквите барање го одразуваат незаконското мешање во уставното право на американскиот претседател да ја води надворешната политика, истакна Лавров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...