И бившите девојки на Бен Афлек се згрозија од неговата тетоважа

Поранешните партнерки Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез, веднаш се придружија на општото исмевање на Афлек и неговата огромна тетоважа на социјалните мрежи.

583
EPA/WILL OLIVER

Грбот на холивудската ѕвезда Бен Афлек е повторно „на тапет“. Грбната тетоважа со феникс, за која тој пред две години рече дека е привремена, сѐ уште е на неговиот грб, покажаа најновите папарацо-фотографии.

Актерот неодамна беше фотографиран на плажа без маица, и фотографиите веднаш станаа хит на интернет. Но, оние со подобро помнење, се сетија и на неговите изјави од 2016 година, дека се работи за лажна тетоважа, направена за потребите на филм.

Неговите поранешни партнерки Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез, веднаш се придружија на општото исмевање на Афлек и неговата огромна тетоважа на социјалните мрежи. И двете го протолкуваа изборот на птицата феникс во смисла дека тие се „пепелта“ од којашто фениксот – Афлек – се издига.

– Одвратно е! Што правиш?! Неговите тетоважи секогаш се премногу шарени – изјави Лопез.

Фото: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...