Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ лани произведоа 60 отсто повеќе струја

Моментално во акумулациите на двете хидроелектрани има резерва на вода за прозводство на 32 милиони квч електрична енергија.

438

Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произвеле околу 600 милиони киловат часови електрична енергија, што е за над 60 осто повеќе споредено со прозводството во 2017 година.

– Во ХЕ„Шпилје“, кај Дебар произведени се 368,4 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 54 отсто над планираното и речиси 2,5-пати повеќе од произведеното во 2017 година, кога истото беше 158,6 милиони киловат часови прозводство е помало само во однос на 2010 и 2013 година – изјавија за МИА надлежните во ЕЛЕМ.

Според истиот извор и во ХЕ„Глобочица“, ланското прозводство е за речиси 2,5-пати поголемо од претходната година.

– Во ХЕ „Глобочица“, кај Струга произведени се 230,2 милиони киловат часови, што е 53 отсто над планираното и речиси 2,5-пати повеќе од произведеното во 2017 година, кога беа прозведени 97,6 милиони. Ова прозводство е помало само во однос на 2006, 2010 и 2013 година – посочуваат од ЕЛЕМ.

Како резултат на исклучително поволната хидрологија,како и подготвеноста на електромашинската опрема, годишниот план двете хидроелектрани го реализираа уште во месец мај.

Моментално во акумулациите на двете хидроелектрани има резерва на вода за прозводство на 32 милиони киловат часови електрична енергија. Треба да се нагласи дека во снег има големи резерви во сливното подрачје.

Инаку, со навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да ја примат и преработат количината на вода што ќе пристигне и да работат под полн капацитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...