Под засилени безбедносни мерки демеска во францускиот град Гранд Буртерлуд во Нормандија започнува „Големата национална дебата“ за излез од кризата во Франција предизвикана со протестите на жолтите елеци.
Како што јави дописникот на МИА, градот е ставен по опсадна сопстојба, околу местото на одржување на форумот се распоредени зголемени безбедносни сили, а локалните власти забранија одржување собири.
На почетокот на дебата францускиот претседател Емануел Макрон покани повеќе градоначаклници од регионмот на Нормандија, со кои ќе дебатира по четирите предложени теми.
Пред да замине за Гранд Буртерлуд, Макрон допатува во ненајавена посета во блискиот град Гасни, која не беше вклучена во официјалната агенда на шефот на државата и беше чувана во тајност до последната минута.
По одбивањето да ја коментира посетата до самиот нејзин почеток, Елисејската палата само соопшти дека „претседателот учествувал на заседание на Градскиот совет на Гасни”.
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni