Нетанјаху бара од Иран што побргу да ја напушти Сирија

76
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од Иран што побргу  да ги повлече силите од соседна Сирија или ќе се соочи со континуирани напади од Израел.

– Вчера слушнав од портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи дека „Иран нема воено присуство во Сирија, ние сме само советници“. Па, пуштете ме мене да ги посоветувам – бегајте оттаму што побргу можете, бидејќи ние ќе продолжиме со нашата одлучна политика за напад, како што и ветивме, бестрашно и немилосрдно – изјави Нетанјаху на церемонија во Тел Авив на која е именуван нов командант на израелските воени сили.

Тој додаде дека Израел стотина пати ги нападнал иранските и целите на Хезболах во Сирија.

Техеран негира дека негови регуларни трупи учествуваат во конфликтот во Сирија.

ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...