Развојот на енергетиката, зедничка цел на Министерството за економија и МАНУ

Целта на Меморандумот е воспоставување меѓусебна соработка и ефективен институционален дијалог меѓу двете институции, имајќи го предвид интересот на граѓаните, во насока на остварување на одржлив развој, согласно обврските кои Македонија ги има преземено со ратификуваните меѓународни договори.

110

Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ академик Таки Фити потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во земјава.

Целта на Меморандумот е воспоставување меѓусебна соработка и ефективен институционален дијалог меѓу двете институции, имајќи го предвид интересот на граѓаните, во насока на остварување на одржлив развој, согласно обврските кои Македонија ги има преземено со ратификуваните меѓународни договори.

„Со Меморандумот е превидено двете институции да преземаат взаемни активности за анализа на развојот на енергетиката во Македонија, со имплементација на поголемо учество на обновливите извори на енергија, спроведувајќи ги најновите светски практики и современите научни сознанија, потоа анализа на обврските на земјава преземени со ратификуваните меѓународни договори во подрачјето на енергетиката и соодветните емисии и намалување на емисиите на стакленички гасови. Покрај тоа, предвидува соработка на полето компјутерските науки и информатичките технологии и соработка во доменот на економскиот раст и развој, вклучувајќи ги пристапите за динамизирање на растот, преструктуирање на македонската економија, индустриската политика“, соопшти Министерството за економија.

Соработката меѓу двете институции, се потенцира во соопштението, ќе се остварува преку изготвување на научни проекти, заеднички средби и организирање на заеднички предавања, тркалезни маси и форуми за научната и стручна јавност, но и за засегнатите страни и за пошироката јавност со вклучување и на невладините организации и медиумите. Покрај тоа, предвидува и заедничка изработка на елаборати, презентирање на резултатите од соработката на меѓународни и домашни стручни собири, објавување на научни и стручни трудови во меѓународни и домашни списанија, како и презентирање на преземените активности и постигнатите резултати на веб страните на Министерството за економија и МАНУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...