Во Македонската опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.
„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска, а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
Ќе настапат и Саша Ефтимова, Ендру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Сценографијата на претставата е на Зоран Костовски, костимограф Александар Ношпал.