Разводот ќе го олесни Џеф Безос за 70 милијарди долари

99

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос (54), чие богатство е проценето на 140 милијарди долари, ќе мора половина од сето тоа да ѝ препушти на својата сопруга Мекензи, бидејќи немале предбрачен договор, а сега се разведуваат поради негово неверство.

Имено, пред извесно време е откриено дека Безос се допишувал со водителката Лорен Санчез, ѝ изразувал љубов, ѝ праќал свои голи фотографии и ѝ ветувал дека „нема да биде нежен”.

Тој меѓу другото и патувал со љубовницата, а гласините говорат дека Мекензи го насетила тоа кога го видела нејзиното име на негов патнички документ.

Некои пораки пак, како и фотографиите биле толку „сочни“, што и некои таблоиди сѐ уште не сакаат да ги објават. Водителката наводно, ги проследувала пораките до пријателки, па така тие ѝ станале достапни на целата јавност.

Мекензи и Џеф беа во брак 25 години и имаат четири деца – три сина и посвоена ќерка од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...