Со храна богата со влакна против карцином и срцеви болести

„Користа од внесувањето на влакнестите намирници во организмот е поголема отколку што мислевме претходно“, рекол Џим Ман, коавтор на истражувањето и професор по нутриционизам на Медицинскиот факултет Отаго. Резултатите од големата анализа направена врз основа на 185 опсервациски и 58 клинички студии спроведени во последните 40 години упатуваат на тоа дека консумирањето на цели житарки, овошје и зеленчук, односно намирници кои содржат влакна, го намалуваат ризикот од прерана смрт од карцином и срцеви болести, пренесува Medical News Today.

529

Научниците и организациите кои се занимаваат со здравјето веќе долго потсетуваат на повеќекратната корист од консумирањето на храна богата со влакна, но колку модерниот човек навистина ја внесува во организмот?

Ова е прашањето кое ја потикнало Светската здравствена организација да основа екипа која ги анализирала резултатите и ги објавила во списанието Lancet.

Целта на анкетата била да се развијат нови смерници во консумирањето на храната богата со влакна и да се утврди кои јаглени хидрати најмногу штитат од незаразни болести и спречуваат зголемување на телесната тежина.

Користа од внесувањето во организмот на влакнести намирници е поголема отколку што мислевме порано“, рекол Џим Ман, коавтор на истражувањето и професор по нутриционизам на Медицинскиот факултет Отаго.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...