Коцијанчич: ЕУ ги следи националните процедури за имплементација на Договорот од Преспа

214

ЕУ го поддржува Договорот од Преспа и внимателно ги следи националните процедури кои треба да се спроведат за негова имплементација, изјави денеска портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Таа повтори дека „ЕУ го поддржува историскиот договор од Преспа, кој претставува израз на политичка храброст и лидерство во решавање на еден од најстарите спорови во регионот“.

– Ова е уникатна можност да се надминат потешкотиите од минатото и да се зајакне помирувањето во регионот и во Европа. Ги следиме националните процедури кои треба да се спроведат за да се имплементира договорот, рече Коцијанчич во врска со ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција, по усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...