Бранислав Трифуновиќ: Вучиќ е разнишан од протестите, но опозицијата мора да проголта многу прашина

338

Српскиот актер Бранислав Трифуновиќ, кој веќе шеста сабота ги предводи граѓанските протести во Белград, изјави дека протестните собири „Еден од петте милиони“ се покренати од народот, кој сакал политичарите да се повлечат од првите редови на протестната колона.

– Зошто некој од нас, кој шета цело време и кој се чувствува измамен, зошто да му даде шанса на кој било политичар или политичарка да застане пред нас и да кажува нешто. Опозицијата мора да проголта многу прашина, да разговара и да нѐ убеди и да ни понудат многу работи за да им поверуваме – изјави Трифуновиќ за весникот „Данас“.

Тој рече дека народот кој е на улица, сака да биде таму и да и понуди шанса на опозицијата.

– Опозицијата сега мора да види како ќе ја искористи оваа можност и што ќе стори самата за себе. Како сите нас да не убеди дека е опозиција на која некогаш ќе можеме во одреден момент да и го дадеме својот глас, изјави Трифиновиќ.

Тој додаде дека и самата опозиција оценила оти не треба да биде во првите редови.

– Ова го започна народот и така треба да остане. Се додека нешто не се случи од страна на опозицијата. Тие треба нешто конкретно да направат и да му понудат на тој народ. Не знам дали и кога тоа ќе биде, додаде Трифуновиќ.

Тој оцени дека постојат милиони причини за граѓанските протести, а симболот на сè е претседателот на државата Александар Вучиќ.

– Милион работи не собра заедно. Луѓето станаа против оваа Влада и овој систем, вели Трифуновиќ.

Според него, Вучиќ е разнишан, бидејќи тој ова не го очекувал и не му е потребно.

– Сега работи напорно на секој начин да спинува и да се појави како победник. Очигледно тие почнаа да реагираат малку поинаку и се прашуваат како сето ова да го смират и што се случува. Се обидуваат на различни начини да ги превземат протестите во разни градови и да уфрлат нивни луѓе, истакнува Трифуновиќ.

Наредниот граѓански протест во Белград е највен за среда, на годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ, кога се очекува да излезат голем број белграѓани, но и граѓани од другите градови во Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...