Пронајдено телото и на третата жртва во експлозијата во „Дубровник“

85

Спасувачките тимови во еден од одводните тунели на хидроцентралата „Дубровник“, кај хрватското место Плат, го пронајдоа телото и на третиот работник, кој се водеше како исчезнат по експлозијата и пожарот во електраната, што се случи во четвртокот.

При експлозијата и пожарот, загина еден работник во хидоцентралата, шестмина беа полесно повредени, а уште двајца се водеа како исчезнати.

По исчезнатите работници беше организрана спасувачка акција на потегот меѓу Превлака и Млет, која беше отежната поради лошите временски услови.

Првиот исчезнат работник беше пронајдено во петокот на плажа кај Цавтат, додека телото на вториот е откриено вчера откако било решено повторно да биде испуштена водата од одводниот тунел на централата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...