Објавен романот „Крусо“ од Луц Зајлер

96

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер, награден со Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“.

Раскажува за младиот студент по литература Ед кој на крајот од Студената војна бегајќи од голема лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе – позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. Таму тој е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот водач на сезонските работници на островот…

Според овој роман минатата година германскиот режисер Томас Штубер го сними истоимениот филм. Преводот на книгата од германски јазик е на Ксенија Чошкова.

Објавувањето на романот „Крусо“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион. Објавувањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...