Пејачката Лепа Брена која со сопругот Слободан Живојиновиќ и децата е на патување низ Азија и Австралија, на социјалните мрежи сподели фотографија на која има посебен вид леб кој се продава во странство, а наречен е „Лепа Брена“, и воопшто не е скап во однос на другите лебови.
Брена се изненадила од овој гест, па на Инстаграм напиша дека сега може да ја пронајдат и во „јадлива состојба“.