Претседателот на САД Доналд Трамп денеска напиша „експлозивни пораки“ на Твитер откако дозна дека Федаралното истражно биро (ФБИ) отворило истрага околу тоа дали шефот на Белата куќа тајно работел во интерес на Русија, а против интересите на САД.
„Њујорк тајмс“ објави во петокот, наведувајќи ги како извори поранешни полициски претставници запознаени со истрагата, дека во периодот откако Трамп го разреши Џејмс Коми од позицијата директор на ФБИ, федералната агенција се загрижила од однесувањето на претседателот на САД и за него започнала истрага.
Трамп, во рок од еден час напиша пет твитови со навредливи епитети.
– Само што дознав од „Њујорк тајмс“ што пропаѓа, дека поранешни корумпирани лидери на ФБИ, од кои речиси сите се отпуштени или принудени да ја напуштат Агенцијата поради некои многу лоши причини, отвориле истрага за мене, без причина и без докази, откако го отпуштив лажгото Џејмс Коми, тотален лигуш!, е еден од твитовите на Трамп во однос на истрагата на ФБИ за него.